На денешниот состанок со Комисијата за заразни болести не е донесена конечна одлука како ќе се одвива наставата од 1 септември.
Ако новата учебна година почне на 1 септември, а сѐ уште немаме функционално Собрание, учениците ќе мора да се појават во училиштата затоа што во моментот Македонија нема законска можност за настава од далечина.
Затоа од работата на Собранието и од изборот на Владата зависи кога ќе почне новата учебна година, објасни на денешниот брифинг министерот за образование и наука Арбер Адеми.
Уредбите за настава од далечина што ги донесе Владата во март се однесуваа на таа учебна година. Во законите за основно и за средно образование пишува дека образовниот процес се одвива во училиштата. Потребни се нови уредби и законски измени за новата учебна година – рече Адеми.
– Во моментот најважно е да донесеме законски можности за тоа. Можно е учебната година да почне подоцна. Наша обврска е да имаме најбезбеден модел водејќи сметка и за образовниот процес и за здравјето на учениците. Продолжуваме со консултации понатаму. Одлуката може да ја донесеме и еден ден пред почетокот на учебната година, сѐ зависи од моментната епидемиолошка слика – рече Адеми.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.