Поранешниот пратеник на ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски на својот Фејсбук профил се изјасни дека неговата партија ВМРО- ДПМНЕ не треба да предложи свој кандидат за потпретседател на Собранието доколку како што вели сака да покаже дека е сериозна партија.
Доколку сме сериозна партија кој има намера да опстои на своите принципиелни критики, ВМРО – ДПМНЕ во знак на прифаќање на критиката од јавноста за непотребно големиот број потпретседатели, сама треба да се откаже од тоа место кое и следува, е пораката упатена преку ФБ од Димовски до неговата партија.
Според него ВМРО – ДПМНЕ треба да ги повика сите партии кои направиле пазар за овие функции да го сторат истото.
Инаку Димовски е член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 10.8.1980 година во Велес.
Дипломиран правник на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје. Постдипломец на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје.
Димовски во партијата важи за еден од најдобрите оратори и тој е еден од највлијателните гласноговорници со поминати многубројни странски обуки за јавен настап и пиар.
Димовски воедно беше и пратеник со најдолг стаж во партијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.