Од ДУИ нема никакви информации за распитот на Ахмети во Специјалниот суд, освен што истакнаа дека е повикан во својство на сведок. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 септември, 2020 10:06

Ахмети денеска повторно на распит пред Меѓународниот суд за Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е втор ден од распитот на Али Ахмети, претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) од страна на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово. Испитувањето кое започна вчера претпладне во просториите на меѓународната правна мисија на Европската унија, ЕУЛЕКС, се очекува да продолжи и во текот на денешниот ден, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од ДУИ нема никакви информации за распитот на Ахмети во Специјалниот суд, освен што истакнаа дека е повикан во својство на сведок. 

И косовските но и неколку меѓународни медиуми претходно објавија дека Ахмети е повикан од Меѓународниот суд, чие седиште е во Хаг, во својство на сведок, како еден од членовите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) уште од нејзиното основање и активен учесник во косовската војна во 1998-99 година.

Специјализираните комори за Косово, кој во косовската јавност е познат како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии.

За потсетување, првиот распит на Ахмети траеше нешто повеќе од осум часа, однсоно започна вчера во 9.30 и траеше до 18 часот, кога тој го напушти седиштето на ЕУЛЕКС, при што не даде изјава за медиумите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести