Мизрахи потсети дека во време на пандемија се правеа сите напори за да се спроведат избори со цел да имаме функционално Собрание, а како што вели сега гледаме дека имаме Собрание кое не е функционално, а изминале 35 дена од верификација на мандатите на пратениците, а сеуште комисиите не се формирани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 септември, 2020 22:13

Мизрахи: Не сакам да бидам позаштитена, сакам да сум еднаква со мојот народ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во вечерашната емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија рече дека не е потребно да има онлајн седници на Собранието, бидејќи како што вели според неа  тоа е камуфлажа за собраниските проблеми кои ги има помеѓу тројното партнерство СДС, ДУИ и БЕСА.

-Пратеник значи испратен од народот, со доверба од народот, еден од народот, не поинаку, доколку може професорите да одат на работа, докторите, наставниците, стоматолозите, техничките служби, административните работници, па дури и враќање на децата во предшколска возраст во градинките и во училиштата, зошто јас како пратеник би била изолирана од сето ова и би била дома, јас не сакам да бидам позаштитена, сакам да бидам еднаква со мојот народ, вели Мизрахи.

Мизрахи потсети дека во време кога секаде во светот владее пандемија се правеа сите напори за да се спроведат избори со цел да имаме функционално Собрание, а како што вели сега гледаме дека имаме Собрание кое не е функционално, а изминале 35 дена од верификација на мандатите на пратениците, а сеуште комисиите не се формирани.

-Се гледа дека има спорна ситуација помеѓу тројното партерство СДС, ДУИ и Беса и поради истото се очекува да имаме вакво онлајн собрание кое што би можело да ги камуфлира собраниските проблеми кои би биле во однос на тенкото мнозинство кое што го има власта во овој момент, истакна Мизрахи.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести