Како како што информираат од МВР за МИА, изутринава во 7:40 часот било пријавено во СВР Скопје дека се случила сообраќајната несреќа меѓу две возила, „Цитроен саксо“ со скопски регистарски ознаки и „Форд“ со скопски регистарски ознаки.

Објавил: Владо Марин | 13 септември, 2020 10:54

Тешка сообраќајна несреќа кај Драчево: Двајца повредени, интервенирала и противпожарна екипа

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила изутринава на крстосницата од улиците „Јустинијан Први“ со „Славка Динкова“ во Скопје. Лицата се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во Ургентниот хируршки центар.

Како како што информираат од МВР за МИА, изутринава во 7:40 часот било пријавено во СВР Скопје дека се случила сообраќајната несреќа меѓу две возила, „Цитроен саксо“ со скопски регистарски ознаки и „Форд“ со скопски регистарски ознаки.

Во моментов полицијата врши увид.

Неправилното паркирање е причина за голем број на сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите. Водејки се од тоа, РСБСП со потсетување до возачите на кои места не е дозволено да се паркира:

                •  Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да го запре или паркира возилото  на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во                       сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите.

                •  Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или паркира возило :

                 – на обележан пешачки премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од десет метри од тие премини,

                – на крстосница и на оддалеченост помала од десет метри од најблискиот раб на напречниот коловоз,

               – на мостови, во подвозници, на надвозници како и на растојание помало од петнаесет метри од мостови, тунели, подвозници и надвозници,

               – на дел од јавен пат во близина на врв од преслап и во кривина, каде што прегледноста на патот е недоволна и каде што обиколување на возилото не би можело да                    се изврши без опасност,

              – на место на кое возилото би го засолнувало поставениот сообраќаен знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци,

              – на велосипедска патека, односно лента,

             – на тротоар, односно пешачка патека

             – на дел од јавен пат, односно на оддалеченост помала од 15 метри од премин на патот преку железничка  пруга во исто ниво

             – на дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај е обележан со ознаки на коловозот

            – на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со кој е обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај,

           – пред влез во објект, двор или гаража,

           – на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови,

          – над приклучок на водоводната мрежа или влез во канализација или друга мрежа на комуналните претпријатија,

          – на места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни потреби,

          – на место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило,

          – на плоштад, пешачка зона и противпожарен пат,

          – на паркинг место кое со дополнителна табла, сообраќаен знак или ознака на коловозот е обележано место за паркирање на возила за лица со посебни потреби.

Статичкиот сообраќај, односно паркирањето значително влијае на текот и на безбедното одвивање на сообраќајот.

Затоа РСБСП со апел:  Безбедноста во сообраќајот нека биде  ваш приоритет! Без изговори и без оправдувања! За непречено движење на сите учесници во сообраќајот – ПАРКИРАЈ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...