Тој на презентацијата на извештајот на Советот за следење на глобалната подготвеност (ГПМБ) за 2020 година рече дека ова нема да биде последна пандемија или последна глобална здравствена криза.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2020 10:24

СЗО: Ковид-19 нема да биде последната пандемија

Фото/Текст извор: ©миа.мк

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека Ковид-19 не е последната пандемија и повика на политички и финансиски инвестиции за спречување пандемии.

Тој на презентацијата на извештајот на Советот за следење на глобалната подготвеност (ГПМБ) за 2020 година рече дека ова нема да биде последна пандемија или последна глобална здравствена криза.

– Не знаеме каква ќе биде следната здравствена криза, но знаеме дека ќе дојде. И мора да бидеме подготвени, нагласи тој, објаснувајќи дека ова не е заплашување, туку повик за акција.

Неговиот говор уследи откако беа потврдени повеќе од 29 милиони инфекции со коронавирус и повеќе од 924.953 смртни случаи ширум светот, според Универзитетот Џонс Хопкинс, додека скоро 19,7 милиони луѓе се опоравиле од Ковид-19.

Советот на ГПМБ е независно тело за мониторинг чија цел е обезбедување подготвеност на глобални здравствени кризи.

Инаку бројот на заразени во Европа во моментов е во пораст, но дневниот број на жртви е релативно стабилен.

Високиот функционер на СЗО за Европа, со седиште во Копенхаген, исто така ги предупредува оние што сметаат дека наоѓањето на вакцината ќе ѝ стави крај на епидемијата.

„Цело време слушам луѓе како велат дека вакцината ќе значи крај за епидемијата. Секако дека не“, рече Клуге.

Тој објасни дека никој сè уште не знае дали вакцината ќе биде ефективна за целата светска популација.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.