Шумахер веќе 7 години е со лоша здравствена состојба, а медиумите многу малку знаат за него.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 септември, 2020 11:25

Конечно позната причината за лошата здравствена состојба на Шумахер!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Шокантна вест дрнеска објавија светските медиуми за некогашниот број еден возач на Формула 1 Михаел Шумахер,. Имено како што тврди познатиот швајцарски невролог Ерих Ридерер ја откри тажната вистина за Михаел Шумахер и рече дека нрговата состојба никогаш нема да се подобри.

Ридерер во документарецот за  „Михаел Шумахер кој доживеа несреќа во 2013 година: Во потрага по вистината“, емитуван на францускиот канал „РМЦ стори“, потенцираше  рече дека главната причина за влошената состојба на шампионот е доцнењето на помошта од првиот медицински тим.Тој во својата изјава потенцираше дека Германецот никогаш нема да се подобри.

– Вистината е, тие чекаа премногу долго за да ја олеснат состојбата на неговиот мозок. Ние неврохирурзите секогаш велиме дека мозокот нема време и дејствуваме веднаш кога има проблем со него. Токму ова одложување сега влијае на Шумахер. Мислам дека вегетативната состојба во која е е најдобрата што може да ја има и веројатно нема да се подобри. Тој е буден, но не реагира, дише, срцето му чука, но ништо повеќе, коментира експертот.

Шумахер веќе 7 години е со лоша здравствена состојба, а медиумите многу малку знаат за него.

Инаку пред неколку дена поранешниот шеф на Ферари Жан Тод соопшти убави вести за некогашниот број еден возач на Формула 1 Михаил Шумахер кој истакна дека порано или подоцна тој ќе се опорави.

Уште од денот на несреќата, семејството ја крие состојбата на Шумахер, далеку од очите на јавноста, но сепак Тод е еден од ретките луѓе што сопругата на Шумахер, Корина дозволува да се приближи на нејзиниот сопруг. 

-Она што можам да го сторам е да останам близу до нив и да им помагам кога ќе им требам, изјави поранешниот шеф на Ферари.

Тој последен пат зборуваше за Шумахер во јули, кога за медиумите изјави дека се надева дека „светот ќе има можност повторно да го види Михаел“.

-На тоа се стремат тој и неговото семејство, рече Тод.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Формула

Уште од денот на несреќата, семејството ја крие состојбата на Шумахер, далеку од очите на јавноста, но сепак Тод е еден од ретките луѓе што сопругата на Шумахер, Корина дозволува да се приближи на нејзиниот сопруг. 

Конечно добра вест за состојбата на Михаел Шумахер

Добри вести пристигнаа за фановите на некогашниот број еден возач на Формула 1 Михаил...

Организаторите би се соочиле со проблеми поради опасност од коронавирусот заканувајќи се дека ќе ги откажат трките.

ХАМИЛТОН НОСИ МАСКА: Светскиот првак озбилно го свати КОРНА ВИРУСОТ(фото)

Новата сезона во Формула 1 започнува на 15 март со тркачка патека во Мелбурн. Организаторите...