Музичката наобразба ја започнува во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст, продолжува во Средното музичко училиште, дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот виолина во 2004 година и магистрира во 2011 година на отсекот „Музичка теорија и педагогија“ оддел „Методика на музичка настава“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 септември, 2020 10:23

Андријана Јаневска ќе ја претставува Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата македонска пејачка Андријана Јаневска ја израдува македонската јавностсо убава вест. Имено пејачката на својот Фејсбук профил соопшти дека ќе ја претставува Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Таа соопшти дека се работи за песната „One Human“ а ќе ја снима следната недела.

Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната.

Андријана Јаневска живее и работи во Скопје. Таа е доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Редовно е вработена во Македонската опера и балет, како прва виолина. Освен виолина, свири пијано, гитара и бас гитара, а првата композиција ја има напишано на 11 години. Музичката наобразба ја започнува во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст, продолжува во Средното музичко училиште, дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот виолина во 2004 година и магистрира во 2011 година на отсекот „Музичка теорија и педагогија“ оддел „Методика на музичка настава“

Од 2009 година е во брак со Драган Гиновски – Гино, познат македонски гитарист (Архангел). Двојката има два сина, Димитар (2011) и Кристијан (2015). Сопственици се на музичкото студио Гиновски.

За време на средното музичко образование посетува дополнителна настава по диригирање и композиција, и активно учествува на семинари по виолина кај виолинистите Марина Јашвили и Благоја Димчевски.

Дебитира на Скопје фест, 1998. Повторно настапува на Скопскиот фестивал 2000 година каде го лансира мега хитот „Твоето писмо, моја Библија“. За време на летото, 2000 година, настапува низ повеќе градови во Австралија. Во март, 2001 година на Скопскиот фестивал освојува гранд при награда со песната Носталгија. Во јули, 2001 го промовира првиот солистички албум „Моја Библија“ кој содржи 12 песн. Во 2002 година, повторно се натпреварува на изборот за песна на Евровизија, каде со песната „О Шери, мон Шери“ го освојува второто место. Во јуни, 2006 година, го лансира реге хитот „Ден“, а во август истата година настапува на Охрид фест со песната „Сонце“. За време на фестивалот го промовира вториот солистички албум „Ден“. Десетгодишнината од нејзината кариера ја заокружува со песната „Зрно“, дело на Драган Гиновски – Гино. Во март 2008 го издава најновото ЦД со 15 традиционални македонски песни, а како продуцент се јавува Димитар Димовски – Мите. Веќе следната 2009 година излегува и продолженитето на цедето со традиционални македонски песни, овојпат насловено како „Приказна за едно моме“, повторно продуцирано од Мите Димовски. Следната година во соработка со МЕД Македонија, го издава христијанското цеде со детски божиќни песни „Ѕвездичка мала“. Во 2011 година, во соработка со Тања Веда го издава детското цеде „Кога си среќен“ кое содржи 15 песни од англиско говорно подрачје, препеани на македонски јазик. Во 2012 настапува на Скопскиот фестивал, кадешто ја исполнува композицијата „Можеби“ на која се потпишува како автор на музиката, текстот и аранжманот.

Во 2015, повторно во соработка со Тања Веда го издава цедето „Заспивалки “ кое содржи 10 приспивни песни и 10 приказни за деца, како и илустрирана книга. Во 2017 го издава цедето со традиционални детски песни „Слушни, пеј, играј“ кое содржи 15 песни, заедно со илустриран прирачник, во соработка со Тања Веда. Автор е на „Бог и јас“ – циклус соло песни за мецосопран, виолина, пијано и гитара чија премиера се одржа во Њујорк, во август 2017 година. Има напишано аранжмани за биг бенд, ревиски и симфониски оркестри. Автор е на музиката за австрискиот краткометражен филм „Hyro“, во соработка со Хрватскиот национален балет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.