Раководството на Пинк ТВ ќе отпушти одреден дел од вработените во следните 30 дена, дознава Информер!
Како што дознава Информер, се планира 150 од вкупно 1.110 вработени да бидат отпуштени во следниот месец поради непродуктивност и непосветеност на работата за која биле платени.
Според информер, на сите ќе им се исплати отпремнина по основ на технолошки вишок.
Пинк телевизија е основана на 16 септември1994 година како прва телевизија во Србија чија програмска шема се состојувала од исклучиво забавен карактер.
На почетокот вниманието се привлекуваше на серии и филмови од странска продукција и домашни забавни емисии, па од 2000 година почнаа со произведување на домашни ТВ Серии, како и остварување на појаки информативни редакции во земјата.
На телевизијата Пинк се емитуваат и домашни серии кои ги произведуваше Пинк, а тоа се Мешан брак и Љубов, навика, паника, како и најновата Љубов и омраза.
На оваа телевизија исто така се емитуваа и хрватски серии и теленовели, како Вила Марија, Љубов во офсајд, Обични луѓе, Заговор, и најновата Гордоста на Раткаеви.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.