Американската хиперсонична ракета AGM-183A ќе може да достигне брзина од шест и пол до осум Мах и да ја погоди целта на растојание од 1.600 километри за десет до дванаесет минути, пишува американскиот „Драјв“.
Новата хиперсонична ракета AGM-183A се очекува да биде готова до септември 2022 година и да биде поставена на стратешкиот бомбардер Б-52 „Стратофортрес“.
Пентагон во февруари објави дека американскиот ракетен одбранбен систем не е во можност да пресретне руски хиперсонични ракети. Американската армија призна дека заостанала зад Русија и Кина во создавањето на овој вид оружје.
Американците ја забрзаа програмата за хиперсонично оружје, а американскиот претседател Доналд Трамп најави создавање на „супер-ракетни ракети“ што ќе биде пострашно од руските.
Од друга страна, на 7 октомври, руското Министерство за одбрана објави видео од лансирањето на хиперсоничната ракета „Циркон“.
Ракетата помина 450 километри за четири и пол минути.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.