Тој исто така оцени дека само либискиот народ може да најде политичко решение за граѓанската војна во нивната земја, без присуство на странци на нивна територија, потенцирајќи дека Грција е подготвена да придонесе за мирната иднина на Либија.

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 октомври, 2020 8:14

МИЦОТАКИС: Турција има империјалистички фантазии, само либискиот народ може да најде решение за граѓанската војна, а не странците

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По самитот Кипар-Египет-Грција во Никозија, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја обвини Турција за кршење на меѓународното право и оцени дека Анкара има „империјалистички фантазии“.

„Анкара има империјалистички фантазии и се обидува да ги реализира со воинствено однесување од Сирија до Либија, од Сомалија до Кипар, од Егејот до Кавказ.

„Тоа го поткопува спроведувањето на меѓународните договори и истовремено ја нарушува регионалната безбедност, честопати кршејќи ги одлуките на Советот за безбедност на ООН и ЕУ“, рече Мицотакис на заедничката прес-конференција по 8-миот самит Кипар-Египет-Грција во Никозија.

Тој исто така оцени дека само либискиот народ може да најде политичко решение за граѓанската војна во нивната земја, без присуство на странци на нивна територија, потенцирајќи дека Грција е подготвена да придонесе за мирната иднина на Либија.

Премиерот Мицотакис се осврна на договорот меѓу Грција и Албанија и посочи дека „Грција во пракса докажува дека Балканот и источниот Медитеран можат да станат региони на мир и стабилност доколку се почитуваат законите“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...