Премиерот Зоран Заев ќе биде и домаќин преку видео врска и на потпишувањето на билатералниот договор помеѓу Албанија и Србија за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.По потпишувањето на договорот ќе следат кратки обраќања на лидерите.

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2020 21:24

Заев, Вучиќ и Рама утре потпишуваат Меморандум за соработка во борбата против Ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, а во присуство на министрите за здравство, ќе одржат координативен состанок преку интернет видео врска, по што ќе потпишат меморандум за соработка со кој ќе се регулираат односите меѓу државите во услови на Ковид-19 кризата.

Премиерот Зоран Заев ќе биде и домаќин преку видео врска и на потпишувањето на билатералниот договор помеѓу Албанија и Србија за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.

По потпишувањето на договорот ќе следат кратки обраќања на лидерите.

Вучиќ по видео состанокот одржан на 30 октомври со премиерите Зоран Заев и Еди Рама кажа дека е важно што се донесени неколку важни одлуки, кои ќе бидат спроведени најдоцна од 10 ноември.

„Тогаш без ПЦР тест ќе може да се оди во Албанија и Северна Македонија, или оттаму во Србија“, кажа Вучиќ.

Кабинетот на Вучиќ објави дека на конференцијата ќе учествуваат и премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев, како и премиерот на Србија, Ана Брнабиќ и министерот за здравство, Златибор Лончар,пренесоа српските медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.