Денес Скопје, како и многубројни градови низ целиот свет, е под закана на пандемијата од КОВИД-19, но како и многу пати во својата историја и сега ќе ја надмине и оваа закана и повторно ќе биде победник.

Објавил: admin@magazin | 13 ноември, 2020 16:50

Денеска го одбележуваме 13 Ноември – Ден на ослободувањето на Скопје

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ден потсетник за херојството на 87 жртви и на 1200 борци од македонските партизански единици кои на овој ден пред 76 години на граѓаните на земјата им ја донесоа слободата и остварувањето на сонот за сопствена самостојна држава, а на градот Скопје титулата – метропола.

Во меморијата на Скопје се запишани многубројни закани и природни катастрофи, но градот секогаш повторно и повторно се кревал и закрепнувал.

Денес Скопје, како и многубројни градови низ целиот свет, е под закана на пандемијата од КОВИД-19, но како и многу пати во својата историја и сега ќе ја надмине и оваа закана и повторно ќе биде победник.

Ќе биде победник заедно со неговите скопјани чиј дух е запишан во бројни урбани легенди, мемоари, песни, раскази и романи и кои секогаш наоѓале начин да ги совладаат искушенијата и да испишуваат нови страници за иднината на Скопје.

Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.