Тапанарот на популарната музичка група „Амадеус бенд“, Бојан Златановиќ, познат под прекарот Токан, почина по борбата со коронавирус.
Бојан ја загуби битката на 45-годишна возраст, а музичкиот свет остана во шок по оваа тажна вест.
Како што дознаваме, Бојан бил лекуван во Пожаревац, а како што се наведува, тој бил во вештачка кома бидејќи му откажале белите дробови.
Иако сите се надеваа дека ќе се опорави и ќе биде посилен од короната, неговата борба за живот заврши.
Дарко Филиповиќ се прости од Токан преку својот Фејсбук профил објви црно-бела слика на неговиот драг колега.
Бендот Амадеус е српска поп и рок група основана во 1997 година во Лесковац.
Членови на групата се: Бојан Тасиќ (вокал), Бојан Станимировиќ (клавијатури), Милан Кордулуп (гитара), Александар Станимировиќ (клавијатури) и Бојан Златановиќ (тапани)!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.