Митрејческа е видно разочарана од локалните активист на СДСМ и вели дека ја злоупотребувале сопствената партија.

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2020 17:54

Функционерка на СДСМ се откажа од партијата: Ни ја потценувате интелигенцијата!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска функционерката на СДСМ од Кичево, Елена Митрејческа, даде отказ од партијата. Таа преку својот Фејсбук профил соопшти дека нејзините родители ја научиле на чесност и моралност, па затоа се одлучила на оваа одлука, пренесува Охрид 24!

Митрејческа е видно разочарана од локалните активист на СДСМ и вели дека ја злоупотребувале сопствената партија.

– Години наназад во Општинската во Кичево пет до десет личности – Хиени ја парчосувале за свои лични интереси, а ние да речам обичните „коњи тркачи“ сме им служеле за да удобно се сместат во директорски функции, впрочем и само за тоа ги бива, инаку ако не е партијата не знаат ни што со себе, вели веќе поранешната активистка на СДСМ.

Таа додава дека знае да се спротивстави и дека не е обичен послушник на наредби.

– Покрај чесноста и моралноста го имам и мојот борбен дух и да кажам не или да кажам дека не се согласувам, истакнува Митрејческа.

За крај таа апелира до Централата на СДСМ да се погрижат за Кичево, град кој како што вели таа е викан „пазар“.

– Во Кичево има интелигентни личности, немојте да ни ја потценувате интелегенцијата. Чесноста мора да надвладее, завршува Митрејческа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.