Неофицијално, запленета е голема количина на дрога и оружје.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 декември, 2020 6:48

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА МВР: Запленета голема количина на дрога и оружје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Двата тона марихуана што во четвртокот беа украдени од погон во валандовското село Јосифово, вчера беа пронајдени во скопско Арачиново, објави ТВ Телма по вчерашната полициска акција во тој дел од главниот град!

Повеќе детали за полициската акција најавија за денеска!

Претходно, ТВ 21 објави дека оклопни возила се наоѓаат пред селото Арачиново. Неофицијално, запленета е голема количина на дрога и оружје.

Двата тона марихуана што во четвртокот беа украдени од погон во валандовското село Јосифово, вчера беа пронајдени во скопско Арачиново!

Извори од полицијата потврдија за медиумите дека е најдена украдената марихуана и дека ќе следуваат повеќе информации.

Вчера во Арачиново повеќе десетици полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните и посебните полициски сили, како и инспектори од крим-техника ја реализирале оваа акција.

Исто така единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера (01.09.2020) при претреси во Арачиново пронајде и одзеде марихуана.

По претходно добиени оперативни информации и добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории на Б.А. (33) од с. Арачиново. Пронајдената марихуана е предадена на вештачење и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести