Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 декември, 2020 10:18

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕДЛАГА 14 ДНЕВНА САМОИЗОЛАЦИЈА ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство информира дека на утринскиот состанок, Комисијата за заразни болести усвои нова мерка – 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.

Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава ќе биде предложена на главниот координативен штаб, а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на коронавирусот се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.

Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници, се со цел заштита на здравјето на граѓаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести