Десет лица беа повредени, едно е во критична состојба, додека 15 се водат како исчезнати откако одрон на југот на Норвешка однесе повеќе од десет згради во раните утрински часови.
Одронот го погоди станбениот дел на општината Јердрум на околу 30 километри северно од Осло.
Исчезнатите лица се од најтешко погодената област, но сè уште не е јасно дали биле заробени во своите домови, дали успеале на време да избегаат или да се евакуираат, соопшти полицијата.
Началникот на полицијата рече дека областа е сè уште нестабилна и дека може да се пристапи само со хеликоптер, а градоначалникот рече дека околу 500 лица се евакуирани.
Ова требаше да биде мирен новогодишен викенд, за време на кој луѓето можеби треба да се грижат најмногу за„ ковид-19 “, а не за исчезнатите во свлечиштето“, рече норвешката премиерка Ерна Солберг.
Јужна Норвешка во последните неколку дена беше погодена од обилни врнежи од дожд, за кои се претпоставува дека доведоа до одрон, објави националната телевизија НРК.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.