Ги информираме корисниците на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз дека рокот за продолжување на важноста на билетот ќе трае до крајот на февруари месец 2021 година.
Во случајов, ЈСП Скопје излезе во пресрет на барањето на УСС (Универзитетско студентско собрание) при УКИМ, кое побара продолжување на рокот со оглед на актуелната ситуација со Ковид-19, која на значителен број студенти на одредени факултети предизвикува потешкотии при обезбедување на потребната документација за продолжување на важноста на билетот.
ЈСП Скопје апелира до сите студенти, корисници на билетот за бесплатно користење на јавен превоз, навремено да ја обезбедат потребната документација, како би го испочитувале дадениот продолжен рок за продолжување на важноста на билетот.
Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.
Важноста на билетот се продолжува секоја учебна година, при што на студентите кои првпат запишуваат прва година и обезбедуваат (вадат) бесплатен билет, неговата важност автоматски е до крајот на наредната календарска година.
Останатите студенти, важноста на билетот ја продолжуваат со потврда за редовен студент и заверен зимски семестар.
ЈСП Скопје, поради Ковид-19, а токму со цел да се избегнат поголеми групирања, гужви на локациите каде се продолжува важноста на студентскиот и друг тип билети, овозможи продолжувањето да започне речиси два месеца порано од вообичаеното.
Продолжувањето на важноста на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.