Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2021 Година во Охрид.
Бебенцето на Свет, дојде рано утрово во 4.30 минути и е второ дете во семејството Илоски.
Ако машкото дете симболизира цврстина и бериќет, се очекува годинава што е пред нас да биде поздрава и побериќетна од минатата, рече графоначалникот на град Охрид, Константин Георгиески!
Првото новороденче во 2021 година во Скопје исто така е машко!
Првото бебе во 2021 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.
-Бебето е од машки пол, тешко е 3650грама и е долго 51 сантиметар.
Бебето е родено со апгар 9/9. На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство.
Мајката на бебето е Бојана Смилеска од Скопје и тоа е нејзино второ дете спонтано породено, информираат од Клиниката.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.