Зоран зад себе ја остави сопругата Офелија и синовите Наско и Мартин, а беше погребан денес во 12 часот на гробиштата во Горно Лисиче.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 јануари, 2021 15:20

ЏОРЛЕВ ПОГРЕБАН со звуците на неговата виолина: Починал држејќи фотографија од семејството во раце

Фото/Текст извор: ©фокус/магазин.мк

На 53-годишна возраст почина популарниот професор и виолинист, Зоран Џорлев како последица од корона вирус, а на социјалните мрежи се простуваат неговите блиски роднини и пријатели!

Зоран зад себе ја остави сопругата Офелија и синовите Наско и Мартин, а беше погребан денес во 12 часот на гробиштата во Горно Лисиче, објави Фокус!

Неговиот син Наско со емотивна објава се прости од својот татко, откривајќи дека последниот здив го испуштил држејќи во рацете фотографија од семејството, која му ја испратиле заедно со еден Дедо Мраз, како подарок за новата година.

Оваа слика е последната наша заедничка, кога ја редевме елката. Му ја испративме заедно со еден Дедо Мраз како поклонче за нова година. Последниот здив го има испуштено држејќи ја.
Зоран Џорлев – сопруг, татко, брат, другариште, човечиште, маестро…
Те сакаме, немаш поим колку ќе ни фалиш, засекогаш и повеќе!-порача младиот Џорлев.

Во емотивна објава, тој вели дека му се откинало парче од душата и потсетува колку голем човек беше неговиот татко.

-Вчерашниот ден, беше најтажниот ден што се има случено на мене и на моето семејство. На вчерашниот ден сфатив дека животот е толку суров и до крај ќе остане исполнет со тага, на местото каде што ми се откина дел од душата.
Моето семејство и светов изгуби еден од најдобрите луѓе кои постоеле и ќе постојат.

Полн со живот, позитива и безрезервна љубов за сите во неговиот живот. Имаше многу планови за што понатаму, никогаш не се откажуваше, неговиот оган гореше силно до крај. Во плановите не имаше вклучено мене и брат ми секогаш, таман дури почнавме и да свириме заедно поредовно.

За секој имаше време да посвети внимание, секогаш сакаше да помогне, без разлика колку и да беше близок, се додека му треба помош. За секој имаше љубов и разбирање, и се правеше од срце и на чесен начин на кој повеќето луѓе не можат ни да замислат.

Другар, искрен и добар, народен човек, мојот херој. Мојот татко, мојот прв пријател, моето се. Се што имам е од татко ми, се што сакам и правам денес е поради татко ми, се ми имаш пружено.

Се што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ.

Фала ти тато за се, тато е најдобар тато, душичке наша!

За него, славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден, напиша Наско Џорлев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam