Примабалерината повторно ќе ја толкува главната улога во балетската премиера „Либертанго“ на Астор Пјацола

Објавил: admin@magazin | 5 јуни, 2018 10:39

Александра Мијалкова во Либертанго на Пјацола

Фото/Текст извор: ©

 

На 14 јуни 2018 на сцената на Македонската опера и балет, премиерно ќе биде реализирана балетската претстава „Либертанго“ врз познатата тема на најпознатиот композитор на танго музика. Главната улога ќе ја толку токму примабалерината Александра Мијалкова која во изминатата сезона успеа да реализира десетина претстави на најкрупниот проект во историјата на Македонската опера и балет, балетот Клеопатра. Кореографијата е на Сабино Боско од Италија, режијата и либретото на Наташа Поплавска, сценографијата и костимите на Александар Ношпал. Покрај Мијалкова, во претставата ќе настапат Васил Чичијашвили, Мими Поп Алексова Атанасовска и други.

“Либертанго” е приказна која ни го покажува создавењето и патот на тангото. Уличен танц кој го достигнува пиедесталот на светската танц сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето. Во почетокот на минатиот век во Аргентина често има прилив на емигранти од Европа, а најмногу од нив биле италијанци и шпанци. Аргентина е новата ветена земја, земја која им давала надеж на сиромашните италијани, емигранти кои во почетокот на дваесетиот век тргнале да бараат подобар живот. Оваа приказна ни го покажува патот на италијанската фамилија Пијацола. Висенте и Асунта, родителите на познатиот композитор Астор Пијацола, кои ја наоѓаат Аргентина за земја на нивната иднина.

Мајката на Астор, Асунта Пијацола е пријателка со познатата италијанска танчерка Каменчита Кармен Калдерон која е една од првите танго танчерки во Аргентина. Таа е исто така италијанска емигрантка која го развива тангото заедно со другите танчери. Пренесувајќи ги танго чекорите на Асунта и Висенте Пијацола тие заедно го развиваат овој танц.
Во дваесетите години на дваесетиот век во Аргентина се танцуваат различни танци. Се појавуваат женските танци на шпанските емигрантки кои ги изгубиле своиуте мажи во битки, а ги викале “чинас” жени, како и танците на девојките “лорас” кои танцувале со часови во Аргентинските барови. Истоврмено во аргентина на улиците се игра и танцот на италијанските емигранти. Овие три народи, кои се наоѓаат заедно во страсната Аргентина како оддишка од тешките животи и макотрпната работа, почнуваат наместо битки да танцуваат и пеат заедно.

Така на сцената се појавува и прекрасната аргентинска танго танчерка, Мариа Нивес која со својот парнер Хуан Kарлос го развиваат танго танцот и го презентираат ширум светот. Преку нив, Калдерон и Пијацола тангото во Аргентина ќе го достигне својот пиедестал. Низ тешкиот живот на емигрантите во Аргентина гледаме како Астор со својот мал банденеон, уште како дете почнува да ужива во танго нотите, џез музиката како и класичната музика. Растејќи по улиците на Буенос Аирес, поддржан од свите родители се повеќе се вљубува во музиката. Со неговата музика тој ја привлекува и неговата прва љубов, Деде Вулф со која што подоцна се жени. Тој и натаму инспириран од танцот кој го игра и неговата мајка Асунта и најзината пријателка Калдерон, а воден од страста и љубовта кон Деде создава музика со силни емоции. Тангото долго време е инспирација на младиот Пијацола. Низ приказната на неговите родители, љубовта кон жената и страста кон танцот и музиката, Астор расте, а со него расте и тангото ширум светот.

Понесен од играта и страста на младата танчерка Марија, таткото на Астор поаѓа да танцува пред публика заедно со Марија Нивес во “Кафе барот – Буенос Аирес”. Во најпознатиот “Kафе бар – Буенос Aирес” за прв пат ќе се спојат неколку различни танго играчи, Висенте, Карлос, Калдерон, Асунта и Мариjа, а со нив ќе почнат да танцуваат и останатите танчери.
Неговииот дух полн со страст и љубов се распостила по целиот свет, преку неговата музика. Либертангото на големиот Астор Пијацола кој се раѓа токму во Буенос Аирес, каде што живее и твори музика отвора нов правец во тангото, наречен “Ново танго” (Nuevo tango). Со развивањето и растењето на овој редок и светски познат композитор се преплавуваaт светската музичка и танцова сцена, со неговите звуци, а тангото останува вечно на пиедесталот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балет

Во рамките на 47. Мајски оперски вечери на 12 мај ќе биде изведен еден од најубавите балети во класичната уметност „Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски

“ Мајски оперски вечери“ утре со “Лебедово езеро“

Во улогата на Одета и Одилија, белиот и црн лебед ќе настапи Маја Махатели од Грузија,...

На 20.06.2018 година, на големата сцена во Македонската опера и балет, Културно – уметничкиот центар Битрикс ќе ја изведе премиерата на најновата танцова претстава наречена “Тишина”.

Танцот во „Тишина” со гласна порака против семејното насилство

Идејата за претставата “Тишина” е поттикната од еден од најчестите проблеми на денешницата...