На 16.01.2021 во 01.30 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции и Државен пазарен инспекторат извршена е контрола во угостителски објект на ул „Железничка“ во Охрид, сопственост на Д.Т.(30) од Охрид, при што било утврдено дека објектот работи и покрај претходно изречената забрана за работа и ставената пломба на 06.01.2021 од страна на Државен пазарен инспекторат, а и притоа внатре биле затечени сопственикот, четири лица од персоналот, 18 гости и 11 странски државјанки од Русија и Украина.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.