До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Локално ќе провејува слаб снег а ќе дува и засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од -2 до 7 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.
Потоа утре и во петок во текот на денотќе има преодна стабилизација на времето, додека од петок во вечерните часови и во текот на ноќта кон сабота следува период на променливо време со нови почести врнежи од дожд и снег на планините. Поради јужното воздушно струење температурите повторно ќе бидат во пораст и максималните дневни во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.