Според информациите кои ги доставија заедно со фотографијата Груевски е во кафуле во Будимпешта, во друштво со преубава девојка која што по потекло од Србија.

Објавил: admin@magazin | 29 мај, 2021 10:08

(ФОТО) Груевски уловен во друштво со преубава Србинка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Колегите од веб порталот Револуционер споделија фотографија од Будимпешта каде што се наоѓа поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.

Според информациите кои ги доставија заедно со фотографијата Груевски е во кафуле во Будимпешта, во друштво со преубава девојка која што по потекло од Србија.

За случајот „Тенк“ на СЈО, Груевски е осуден на затворска казна од 2 години.

Според пресудата тој е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување како и „за примање награда за извршување противзаконито влијание“.

Во овој случај тој е обвинет дека како премиер побарал од екс-министерката Гордана Јанкулоска спроведување на незаконска јавна набавка за ново блендирано возило кое „било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа“.

Според пресудата тој е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување како и „за примање награда за извршување противзаконито влијание“.

Откако судот донел решение Груевски да одлежи затворска казна од 2 години за случајот „Тенк“ во затворот во Шутка, неговиот тим од адвокати поднел жалби кои биле одбиени на 9 ноември 2018 година, петок, и повторно го потврдиле решението на Груевски за казната затвор.

Судот го ограничил да се јави на одлежување наказната најкасно до понеделник.

Во понеделникот Груевски не се јавил во затвор и МВР издало национална потерница за него.

Следниот ден Груевски преку својата Фејсбук страница ја обавестил јавноста дека се наоѓа во Будимпешта и има побарано политички азил од Унгарија.

Поради тоа потерницата за него била преиначена во меѓународна.

Бегството и барањето за политички азил на Груевски во Унгарија предизвикало низа реакции дома и во регионот. Поради политичката ситуација, и десното и левото крило на опозицијата во Унгарија, остро реагирале и побарале од унгарската влада да го уапси и итно да го екстрадира Груевски назад во Македонија.

Сомневајќи се дека Груевски пристигнал во Унгарија преку територијата на Србија, српската опозициона политичка коалиција Граѓански блок 381 побарале отчет за тоа која е улогата на српската влада на чело со Александар Вучиќ во неговото бегство.

Утрото на 27 јуни 2019 година Груевски со лисици на рацете бил спроведен во суд во Будимпешта за да присуствува на рочиште за барањето на македонските власти за негова екстрадација, кое рочиште по барање на неговиот адвокатски тим било затворено за јавноста. Барањето за негова екстрадација од страна на македонското Министерство за правда е поради правосилната двегодишна затворска казна за случајот на СЈО „Тенк“, од која казна тој избега.

Одлуката од рочиштето набрзо истиот ден била соопштена и според истата барањето на македонските власти е одбиено и Груевски останува во азил во Унгарија.

Според судијката Ева Варежи условите за екстрадација не се исполнети, додавајќи дека не се исполнети ниту условите за меѓународната потерница распишана од македонските власти!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.