Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk

Објавил: Владо Марин | 8 јули, 2021 21:14

ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА ТЕРЕНСКА ВАКЦИНАЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постојните  вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Почнувајќи од 12 јули (понеделник) ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk.

Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk

Здравствените домови до петок треба да изготват план за теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, исто така ќе се ревакцинираат на терен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.