На поканата на Пендаровски за прославата позитивно одговорил лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Претседателот во Крушево го очекува и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Објавил: Владо Марин | 30 јули, 2021 16:27

Претседателот ги кани сите политички лидери за Илинден на Мечкин камен

Фото/Текст извор: ©dw

Стево Пендаровски од годинава најави нов концепт на прослава за 2 август. На прославата ќе дојде Али Ахмети, а поканет е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот Стево Пендаровски ги кани лидерите на сите политички партии за Илинден да дојдат на прослава во Крушево. Државниот врв најавува нов концепт за прослава на 2 август, за разлика од досегашните одделни чествувања на државниот празник.

На поканата на Пендаровски за прославата позитивно одговорил лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Претседателот во Крушево го очекува и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Пендаровски на брифинг со новинарите соопшти дека ја менува традицијата по 30 години со цел да се избегнат поделби. Идејата е сите политичари да дојдат во Крушево, да нема поделби и тоа да биде симболичен чин на обединување. Според досегашната пракса, празникот се одбележуваше во Крушево, Пелинце и во Скопје.

Годинава во Крушево нема да има говор на претседателот Пендаровски. Централната манифестација ќе се одржи во 18 часот наместо на пладне, со цел да можат да присуствуваат и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој ќе оди на одбележувањето на празникот во Скопје и премиерот Зоран Заев кој ќе биде во Пелинце.

Програмата ќе почне со читање на илинденски пораки и Крушевскиот манифест. Пораките ќе ги чита актерот Никола Ристановски, потоа ќе настапи Влатко Стефановски. По нив следуваат настапите на Танец, на Албанскиот ансамбл и на Воениот оркестар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.