Граѓаните на Македонија кои се враќаат во земјата по 1 септември и немаат ниту еден од овие три документи, ќе бидат ставени седум дена во домашна изолација.

Објавил: Владо Марин | 1 септември, 2021 9:11

За влез во Македонија од денеска е потребен сертификат за вакцинација или ПЦР тест

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денеска странските и македонските граѓани ќе треба да имаат сертификат за имунизација, негативен ПЦР тест или доказ дека неодамна прележале ковид-19.

Според одлуката на Владата, од 1 септември, Македонците и странските државјани ќе можат да влезат во Македонија доколку поднесат потврда за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 45 дена од денот на заздравувањето или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Граѓаните на Македонија кои се враќаат во земјата по 1 септември и немаат ниту еден од овие три документи, ќе бидат ставени седум дена во домашна изолација.

Странските државјани кои транзитираат низ Македонија ќе можат да поминат во рок од пет часа, а претходно потпишаната изјава за влез да се достави до граничната контрола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.