Централниот дел од прославата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола, кога обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Објавил: Перо Милчин | 8 септември, 2021 15:39

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ положи свежо цвеќе на гробовите на покојните претседатели на Република Македонија, Глигоров и Трајковски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во рамки на одбележување на 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ составена од Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Велика Серафимовска Стојковска пратеник, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на вечните почивалишта на покојните претседатели на Република Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски и на првиот премиер на Република Македонија, Никола Кљусев.

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Битола организира прослава на 8 Септември – Денот на независноста. Од опозициската партија велат дека тоа ќе биде „вистинско народно одбележување на јубилејот од независноста“.

ВМРО-ДПМНЕ во Битола првин ќе одржи трибина, насловена „30 години се грижиме за Македонија“, на која ќе учествуваат поранешните министри Мартин Тренески и Маријан Ѓорчев, поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски поранешниот технички премиер Емил Димитриев и првиот градоначалник на Битола Златко Милошески.

Централниот дел од прославата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола, кога обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.