Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот.

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2021 3:03

Пожарот во КОВИД центарот во Тетово е изгаснат, лекарите се борат за живот плус, во тек е детална истрага

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера вечер во тетовскиот КОВИД центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има 10 жртви, а оваа бројка може да порасне.

Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот.

Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените.

Пред малку заврши итниот кризен штаб кој се одржа во Општина Тетово со највисокиот државен врв, а за утре во 10 часот наутро закажана е итна и вонредна седница на Владата на Македонија посветена на реашавање на трагедијата во Тетово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.