Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите во пожарот во ковид-центарот во Тетово ќе им додели еднократна парична помош во висина од 30.000 денари.
Црвениот крст на Република Македонија уште еднаш длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредените граѓани во трагичниот пожар во ковид – центарот во Тетово, стои во соопштението!
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одобри помош за семејствата на трагично починатите граѓани во пожарот во модуларената болница во Тетово.
Според информациите, износот на средствата кои ќе им бидат исплатени на семејствата е во висина по 60.000 денари посемејство.
АВМУ искажува најдлабоко сочувство за ужасната трагедија која се случи вчера вечерта во ковид центарот во Тетово.
Во Тетово се уште трае увидот по пожарот кој ја зафати модуларната болница, при што настрадаа 14 пациенти. Истрагата ќе треба да ја открие причината за пожарот, а засега се уште нема официјални информации.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.