Откри и дека ја има најголемата поддршка од својата девојка, новинарката Марина Дојчиновска, со која подолго време е во љубовна врска. Алачки беше во брак со пејачката Адријана, со која имаат две деца

Објавил: admin@magazin | 18 септември, 2021 8:42

Алачки постана политичар: Од хармоникаш до желба за градоначалник на Берово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот хармоникаш Горан Алачки ја прифати кандидатурата за градоначалник на Берово од партијата Интегра. Со ова и тој влезе во листата на јавни личности во трката за градоначалници на претстојните локални избори.

Во разговор за „Репортер“, Алачки ни рече дека се надева на победа во Берово оти сака овој град да го направи светски туристички центар.

На прашањето од каде и како со паријата Интегра, тој вели: „Јас не ја избрав партијата, туку од Интегра ме избраа мене. Ми се јавија за да ме прашаат и јас решив да ја прифатам оваа работа. Мислам дека моето име и презиме е доволно познато за бидам на оваа функција. Како уметник поинаку гледам на работите. Сакам да го развијам Берово да биде светски центар, туристичко место“, изјави Горан Алачки за „Репортер“, кој веќе две години живее во селото Владимирово.

Како политички независен кандидат вели: „До сега видовме што направија – ништо. Ни едните што беа на власт ни и другиве што се сега на власт, ништо не покажаа.
 
А народов тука е разединет, јас сакам да ги спојам луѓето. Имам некој бекграунд, вредности и сум се докажал како уметник. Не сум политички ориентиран. Да ви кажам искрено, многу луѓе ми се јавија да ми кажат дека не планирале да гласаат, ама кога дознале дека сум кандидат, рекоа дека ќе излезат да гласаат за мене“, ни открива Алачки.

На прашањето што ќе биде ако стане градоначалник, ќе ја стави ли настрана музиката, вели: „Јас лани имав седум авионски билети што ми пропаднаа, куп семинари, музички настани, турнеи. Музиката секогаш е дел од мене, но јас планирам целосно да се насочам на оваа работа“!

Откри и дека ја има најголемата поддршка од својата девојка, новинарката Марина Дојчиновска, со која подолго време е во љубовна врска. Алачки беше во брак со пејачката Адријана, со која имаат две деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...