Како што велат за Фокус високи партиски извори, тој посочил дека останува за да не дозволи дестабилизација на парламентарното мнозинство и владата, во пресрет на сериозните предизвици со кои се соочува државата, пред се на надворешно-политички план.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 ноември, 2021 11:36

Меркел и Макрон го убедувале Заев да почека со оставките

Фото/Текст извор: ©фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера пред сопартијците истакнал дека одложувањето на неговите оставки од лидерската и премиерската функција не значи дека ќе се предомисли од намерата дефинитивно да се повлече и од владата и од партијата.

Како што велат за Фокус високи партиски извори, тој посочил дека останува за да не дозволи дестабилизација на парламентарното мнозинство и владата, во пресрет на сериозните предизвици со кои се соочува државата, пред се на надворешно-политички план.

Според нив, Заев истакнал дека многу влијателни меѓународни водачи го контактирале за да го уверат да не се повлекува, вклучително и долгогодишната германска канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Тие, според висок функционер на СДСМ, го уверувале партискиот лидер и премиер дека постојат големи шанси земјата во декември конечно да почне преговори со ЕУ, иако експертите, опозицијата па и дел од власта се спектични за таков исход.

Без оглед на епилогот, Заев планира повлекување од премиерската функција на крајот на оваа или на почетокот на следната година, додека, истакнуваат од СДСМ, на следниот Централен одбор треба да се распише постапка за избор на нов претседател.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.