Пеце Матевски, хармоникаш и досегашен директор на Термоелектрана е назначен за в.д. директор на РЕК Битола, откако беше разрешен досегашниот директор Златко Ќурчиевски, објави Фокус!
Според ЕСМ, ќе следат и други кадровски промени во комбинатите, за да се подобри производството.
Инаку, Матевски е познат во јавноста како хармоникаш, кој своевремено настапуваше со групата Бон – Тон, а пак пред неколку години беше дел од Три Бенд, со кој имаше редовни гостувања во ресторани, но и на свадбени веселби.
На неговиот профил на социјалните мрежи се актуелни фотографии и видео снимки од настани на кои гостувал со бендовите, но исто така актуелна е и објавата дека пред четири години магистрирал на тема -Потребни карактеристики и вештини на менаџерите за продажба на брендирани производи!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.