Набавенот јаглен се носи од рудник во Берово и рудник од Косово и се испорачува со дневна динамика утврдена во договорот со економскиот оператор.

Објавил: admin@magazin | 17 декември, 2021 20:36

ТЕЧЕ ИСПОРАКАТА НА НАБАВЕН ЈАГЛЕН ВО РЕК ОСЛОМЕЈ

Фото/Текст извор: ©магазин

ТЕЧЕ ИСПОРАКАТА НА НАБАВЕН ЈАГЛЕН ВО РЕК ОСЛОМЕЈ

ВО РЕК Осломеј тече испораката на 130-те илјади тони јаглен наменети за производство на електрична енергија во комбинатот до април 2022г.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и членови на Управниот одбор извршија контрола на лице место врз процесот на достава на количините, кои се дистирибуираат до депонијата на ТЕЦ Осломеј, каде се носи и одредена количина од преостанатиот јаглен кој се ископува од речиси целосно исцрпените сопствени наоѓалишта.

Набавенот јаглен се носи од рудник во Берово и рудник од Косово и се испорачува со дневна динамика утврдена во договорот со економскиот оператор.

Дополнително се побаруваат уште 180 илјади тони јаглен за РЕК Осломеј и и 810 илјади тони за РЕК Битола, за кои количини има отворен повик со важност за цела 2022г.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести