Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ.
Даваме поддршка, сочувствуваме, ја споделуваме нивната болка и нивната храброст. Тие се нашите херои, а ние нивните поддржувачи.
Упатувам силна осуда на агресијата која деновиве се спроведува врз суверената Украина и во исто време упатувам уште посилна поддршка до раководството на земјата и до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат татковината.
Сите ние, Македонија, НАТО, ЕУ, целиот демократски свет, стоиме исправени на страната на мирот, дијалогот и безбедноста, наспроти опасните воени и нецивилизациски агресори.
Слава на Украина.
Зоран Заев – СДСМ
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.