Во последните денови во Приштина сѐ почесто се зборува за членство во НАТО и за тоа добија поддршка од Турција.

Претставникот на НАТО наведува дека се посветени на мисијата на КФОР во Косово, дека критериумите за членство се содржани во членот 10 од Вашингтонскиот договор, а кога станува збор за самиот пристапен процес, тој се одвива во седум чекори.

Членот 10 од Договорот од Вашингтон наведува дека страните може да поканат која било друга европска држава која е во позиција да ги унапреди принципите на овој договор и да придонесе за безбедноста на северноатлантската област да пристапи кон овој договор.

Секоја држава поканета може да стане членка на договорот со депонирање на својот инструмент за пристапување кај владата на САД, која ќе ја извести секоја страна за депонирањето секој таков инструмент за пристапување.

„Во случај некоја од земјите членки на НАТО да одлучи да го предложи Косово за нова членка, тоа е невозможно според сегашните правила на оваа организација бидејќи четирите земји од алијансата не го признаваат Косово. Тоа се Словачка, Шпанија, Грција и Романија“, соопшти НАТО.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 март, 2022 20:31

НАТО: Не е можно Косово да стане членка на алијансата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Критериумите за членство во НАТО се јасно дефинирани во член 10 од Вашингтонскиот договор на организацијата, вели претставник на НАТО.

„Сите одлуки, дури и за прашањето за нови приеми, се носат исклучиво едногласно, со прифаќање од сите земји членки“, изјави претставник на НАТО за „Косово онлајн“, за можноста Косово да биде примено во алијансата.

Во последните денови во Приштина сѐ почесто се зборува за членство во НАТО и за тоа добија поддршка од Турција.

Претставникот на НАТО наведува дека се посветени на мисијата на КФОР во Косово, дека критериумите за членство се содржани во членот 10 од Вашингтонскиот договор, а кога станува збор за самиот пристапен процес, тој се одвива во седум чекори.

Членот 10 од Договорот од Вашингтон наведува дека страните може да поканат која било друга европска држава која е во позиција да ги унапреди принципите на овој договор и да придонесе за безбедноста на северноатлантската област да пристапи кон овој договор.

Секоја држава поканета може да стане членка на договорот со депонирање на својот инструмент за пристапување кај владата на САД, која ќе ја извести секоја страна за депонирањето секој таков инструмент за пристапување.

„Во случај некоја од земјите членки на НАТО да одлучи да го предложи Косово за нова членка, тоа е невозможно според сегашните правила на оваа организација бидејќи четирите земји од алијансата не го признаваат Косово. Тоа се Словачка, Шпанија, Грција и Романија“, соопшти НАТО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.