Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со четврток 23-ти август

Објавил: Мартин Попоски | 22 август, 2018 12:51

2.060 граѓани од дијаспората се пријавиле за гласање на референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучно со денеска до Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 2.060 пријави од граѓани за гласање во дипломатско конзуларните претставништва на земјава во странство.

Од нив 2.019 пријави се прифатени – 38 се одбиени а останатите пријави се во обработка соопшти ДИК. Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана – 172 во Лондон – 114 во Торонто – 111 во Канбера 88 итн.​

Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина – по една пријава и Њу Делхи – Каиро и Доха – по две пријави. 

Гласањето во странство ќе се спроведе на 29-ти септември во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање. 

Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список Државната изборна комисија соопшти дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4.466 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. 

Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 428 во Струмица – 420 Карпош – 375 Радовиш – 240 и во Охрид – 235. 

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со четврток 23-ти август до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување – промена или бришење на податоци во Избирачкиот список.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.