Јавно си презирал граѓанска инерција и пасивност но повеќето бивши соборци сега се партиски извршители па се правиш наудрен и не ни мислиш дали може нешто да се смени

Објавил: Мартин Попоски | 22 август, 2018 13:37

Инес Ефремова ги направи “партал” СДСМ и соборците на Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата активистка од граѓанскиот сектор кој за време на политичката криза од 2015-та година активно и јавно ги поддржуваше политиките кои ги прокламираше тогаш опозиционата СДСМ на чело со Зоран Заев излезе на социјалните мрежи со став против каква власт се бореле а каква власт имаат сега по промената. Ефремова е граѓански активист и уметник.

И Ефремова проговори за “режимските” однесувања на власта на СДСМ и ДУИ против кои своевремено се бореа рамо до рамо со Заев.

“Македонија, или како да не полудиш живеејќи во континуирана когнитивна дисонанца затоа што:

– Си се борел да замине злото на дпмне, а сега сведочиш поеднакво неспособна и многу корумпирана сдсм дружина.

– Јасно ти е дека промената на името е националистички и апсурден притисок, а истовремено неговото не менување би било лудост во дадениов момент.

– Ти се гади од национализам, па ги преќутуваш криминалите и тиранијата на ДУИ кои им проаѓаат баш на таа карта.

– Јавно си презирал граѓанска инерција и пасивност, но повеќето бивши соборци сега се партиски извршители, па се правиш наудрен и не ни мислиш дали може нешто да се смени.

– Плаќаш суплементи, заштитни маски, се надеваш дека ќе компензираш со некое викендче на чист воздух и не ни пробуваш веќе да збориш за загадувањето, а камо ли да се надеваш на конкретна акција.

– Се враќаш од распаднати институции и постираш лабави амерички мемиња.

– Се осеќаш и виновно и изиграно и досадно и уморно…и свесен си и сакаш да бидеш несвесен истовремено.”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...