Обвинителката Ленче Ристоска за „Нова“ даде свој став околу целиот овој случај и финалната пресуда на истиот.

Објавил: admin@magazin | 10 јуни, 2022 6:35

Успеавме да докажеме дека „Талир 2“ е корупциски предмет, вели обвинителката Ристоска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Случајот „Талир 2“ заврши со пресуда на судечкиот совет кој побара и конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и на друг имот на партијата низ земјава.

Обвинителката Ленче Ристоска за „Нова“ даде свој став околу целиот овој случај и финалната пресуда на истиот.

„Во рамки на предметот „Талир 2“ беа обезбедени и презентирани голем број вербални и материјални докази со кои обвинителството успеа да ја докаже теоријата на случај и да го убеди судот дека се работи за корупциски предмет скриен зад бројни правни акти и процедури. Поради тоа задоволни сме што судот ги препозна коруптивните аспекти и донесе осудителната пресуда“, изјави обвинителката Ристоска за Нова.

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски се осудени во случајот „Талир 2“, кој се однесува на седиштето на партијата, познато како Бела палата

Никола Груевски, поранешен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, вчера беше осуден на казна затвор од шест години за кривичното дело злоупотреба на службена должност. За виновен во случајот „Талир 2“ е прогласен и поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, кого судот го осуди на две години условна казна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика