Изборите на СДСМ ќе му го донесат петтиот претседател во партиската историја. Од СДСМ велат дека набрзо по изборите, партијата ќе го свика и Конгресот кој ќе треба да го комплетира и новото партиско раководство.

Објавил: Перо Милчин | 11 декември, 2021 20:10

СДСМ утре избира наследник на Заев, ВМРО ДПМНЕ на конгрес одлучува за нов мандат на Мицкоски

Фото/Текст извор: ©с.печат

Двете најголеми партии од македонскиот блок утре се соочуваат со внатрепартиски избори на лидери.

СДСМ по оставката на досегашниот претседател Зоран Заев, со непосредно гласање на членството ќе избира нов претседател на партијата од тројцата кандидати, додека ВМРО ДПМНЕ на конгресот се очекува да го потврди уште едниот мандат на Христијан Мицкоски, бидејќи досега не е пријавен противкандидат на Мицкоски.

Изборите на СДСМ ќе му го донесат петтиот претседател во партиската историја.

Од СДСМ велат дека набрзо по изборите, партијата ќе го свика и Конгресот кој ќе треба да го комплетира и новото партиско раководство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика