Се затруле со храна 37 вработени во „Кромберг & Шуберт“ во Битола

Објавил: admin@magazin | 18 јуни, 2022 18:32

Уште 30 вработени се затруле со храна во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, мензата под клуч

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се затруле со храна 37 вработени во „Кромберг & Шуберт“ во Битола!

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) ја затвора втората менза во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, откако кај нови 30 вработени се појавиле симптоми на труење со храна.

Според информациите од ДЗСИ за „Макфакс“ заедничко за сите е консумирање на салата со краставица, домат и пченка.

Претходно неделава симптоми на труење пројавија седум лица кои завршија во битолската клиничка болница пришто едната од мензите беше веднаш ставена под клуч!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.