Тој порача дека нејзиниот живор е лекција и инспирација.

Објавил: Мате Парлоф | 9 септември, 2022 5:54

Ковачевски: Животот на кралицата Елизабета е лекција и инспирација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Димитар Ковачевски изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета.

Тој порача дека нејзиниот живор е лекција и инспирација.

-Во името на граѓаните и Владата на Република Македонија оддаваме почит и благодарност до нејзиното величество кралицата Елизабета II.
Нејзиниот извонреден живот низ кој беше константа на најголемите светски промени е лекција и инспирација.
Нека почива во мир, напиша Ковачевски.

Принцот Вилијам, постариот син на кралот Чарлс III, сега и официјално е наследник на тронот.

Тој не станува автоматски принц од Велс, таа титула треба да му ја дарува кралот.

Вилијам и неговата сопруга Кејт ги презедоа дополнителните титули војвода и војвотка од Корнвол – кои претходно ги носеа Чарлс и Камила – што ги направи Војводата и војвотката од Корнвол и Кембриџ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam