ДУИ ги изгуби најголемите општини, Тетово и Гостивар, така на следните избори ќе ги поразиме секаде во државата, вели Таравари.

Објавил: Едмонд Бекири | 11 октомври, 2022 5:34

Таравари: На следните избори ќе го победиме ДУИ низ цела држава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот на општина Гостивар и в.д. претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во гостувањето на ТВ 21 рече дека тие ќе го поразат ДУИ на следните избори.

На следните парламентарни избори, Алијанса за Албанците ќе го порази ДУИ. За ова сум убеден. ДУИ ги изгуби најголемите општини, Тетово и Гостивар, така на следните избори ќе ги поразиме секаде во државата, вели Таравари.

Раководството на ДУИ е повеќе ориентирано кон заштитување на криминалците од своите редови, отколку за добробитта на општеството, велеше неодамна во разговор за Локално, д-р Арбен Таравари, актуелен градоначалник на Гостивар и поранешен генерален секретар на Алијансата за Албанците!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.