Поранешната министерка за одбрана беше во Берлин каде и се одржа Конгресот на партијата на европските социјалисти и оствари средби со значајни светски политички претставници

Објавил: admin@magazin | 15 октомври, 2022 11:57

Радмила Шеќеринска со нова, многу висока функција: Светски успех

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Радмила Шеќеринска е избрана за Потпретседател на Партијата на европски социјалисти и прва жена што ќе биде на чело на таа функција од земја што има кандидатски статус за ЕУ.

Поранешната министерка за одбрана беше во Берлин каде и се одржа Конгресот на партијата на европските социјалисти и оствари средби со значајни светски политички претставници

По тој повод напиша и на Фејсбук:

ЕУ мора да покаже дека проширувањето е живо и носи кон членство. Благодарност до ФЕПС (Фондација за европски прогресивни студии) што ја вклучи темата на Конгресот на ПЕС. Проширување версус продлабочување е лажна дилема: за да бидат успешни, потребни се и двете!

На конгресот на Партијата на европски социјалисти во Берлин долгогодишниот премиер на Шведска и лидер на тамошните социјалдемократи Стефан Ловен е избран за нов претседател на ПЕС.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.