Според Ковачевски, ова што го прави Мицкоски е „најнеодговорното нешто што може некој да го направи“.

Објавил: admin@magazin | 6 мај, 2022 6:52

Ковачевски ги плаши граѓаните дека оваа година ќе биде најтешка по Втората светска војна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостување на ТВ21 рече дека наредната зима, во 2022 година, ќе биде „најтешката зима по Втората Светска војна“.

„2022 година ќе биде најтешката година по Втората Светска војна. Сега можам да кажам дека наредната зима ќе биде најтешката зима по Втората Светска војна и затоа велам дека ова однесување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е исклучително неодговорно“, рече Ковачевски, коментирајќи ги најавите на опозицијата за блокада на Собранието.

„Најпрвин кога зборуваме за лидерски концепти, лидери се луѓе кои што носат одлуки и кои што решаваат прашања кои што ги афектираат идните генерации, и благосостојбата на граѓаните, како и справувањето со најголемите проблеми со кои тие се соочуваат. Не е лидер тој кој што мисли само на својот личен рејтинг и којшто мисли само на тоа кога ќе бидат наредните избори“, порача премиерот .

Според Ковачевски, ова што го прави Мицкоски е „најнеодговорното нешто што може некој да го направи“.

„Во време на најголемата светска економска криза по Втората Светска војна. Во услови кога има постојан раст на цените на реагенсите, во услови кога има постојан раст на цените на храната и во услови кога гледаме дека во Европа сите политички субјекти се обединуваат околу изнаоѓање начини“, вели Ковачевски!

Тој рече бојкотот не е ништо ново во Собранието, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ во последниве две години блокирала десетици важни закони.

„Во изминатите две години во Собранието се блокирани не два, не пет, не десет или дваесет – блокирани се неколку десетици закони кои што се клучни за различни области од живеењето на граѓаните“, рече Ковачевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.