Со зимскиот распоред на летови што почнува утре (30 октомври) од скопскиот аеродром ќе има вкупно 41 дестинација, до каде ќе летаат 13 авиокомпании, а на охридскиот аеродром седум редовни дестинации со четири авиокомпании.
Разликата со летните распореди на летање се само сезонските летови и на скопскиот и на охридскиот аеродром.
Скопскиот аеродром има стабилен сообраќај во текот на целата година, без големо влијание од сезонскиот сообраќај, додека охридскиот аеродром има редовен сообраќај во текот на целата година, со висок пик во летните месеци поради туристичкиот карактер на аеродромот – односно поради фактот што опслужува туристичка дестинација. За нови линии – постојано имаме состаноци и преговори со авиокомпаниите, но додека немаме официјална потврда од нивна страна, не можеме да објавиме нова авиолинија. Штом имаме, ќе ја информираме јавноста, изјави за МИА Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија”.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.