Намалена видливост поради магла на патот село Лисец-Попова Шапка!
На патниот правец село Лисец-Попова Шапка поради магла има намалена видливост од 20 до 25 метри, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите патни правци во државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.