Владата ќе се рекламира на социјалните мрежи каде веќе започна да "оперира" министерството за пропаганда од каде се бришат постови и објави

Објавил: Мартин Попоски | 23 август, 2018 13:00

Владата ќе потроши 6.500 евра за пропаганда на социјалните мрежи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата за кампањата за референдумот ќе троши пари од сопствениот буџет и од буџетот на Генералниот секретаријат на Владата.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски рече дека кампањата главно ќе биде водена врз основа на долгорочните стратешки цели за прием на земјава во ЕУ и НАТО.

“Ќе се објаснуваат придобивките од членство во ЕУ и НАТО ќе ги објасниме точките од текстот на договорот со Република Грција и ќе ги повикаме граѓаните да излезат и да гласаат.” – појасни Бошњаковски.

Покрај ова како што рече Бошњаковски Владата ќе организира пресови – интервјуа – дебатни емисии – брифинзи за што нема да се трошат пари.

“Комуникацијата пак преку социјалните мрежи Фејсбук – Твитер – Фликр ќе се реализира со 400.000 денари од тековен буџет на Секретаријатот.” – рече Бошњаковски.

Според она што е одлучено вчера Владата ќе организира и директни средби со граѓаните.

Бошњаковски не појасни кој е тој сопствен буџет кој го има Владата покрај оној на Генералниот секретаријат затоа што во основа тоа е Буџетот на Република Македонија што е Буџет на граѓаните на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.