Оттука, иницијативата на Владата за прогласување на овие две планини за национални паркови може да се окарактеризира само како предизборна манипулација на граѓаните.

Објавил: Владо Марин | 27 мај, 2020 15:49

Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови се само предизборна манипулација!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Има бројни причини зошто не треба да се верува на оваа Влада. Наводната грижа за животната средина се гледа во успешното штитење на најголемите индустриски загадувачи на воздухот, како и на рудниците на смртта на Еуромакс.

Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови се уште една предизборна манипулација.

Тоа најдобро може да се види од студиите за валоризација кои се основа за добивањето на статус за национален парк.

Според планот за Шар Планина како национален парк, се предвидува само 32,2% од територијата да биде зона на строга заштита. Тоа е оној дел од планината кој и во моментов не е под закана.

При тоа, во оваа зона не влегува Попова Шапка што значи дека ќе продолжи градежната офанзива која во моментов се одвива. Дополнително, со ова се отвора можноста за комплетирање на продажбата на овој ски-центар.

Според планот, дивата сеча на Шар Планина и натаму ќе продолжи бидејќи делот каде во моментов се одвива дивата сеча е надвор од заштитеното подрачје. Секако, министерот Нуредини и Владата ќе ги наградат сите оние што имаат дозвола за концесија на оваа планина. Така експлоатацијата на природните богатства ќе продолжат и по прогласувањето на Шар Планина за национален парк.

Оттука, иницијативата на Владата за прогласување на овие две планини за национални паркови може да се окарактеризира само како предизборна манипулација на граѓаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести